logo
logo
logo

МАН: Ревакцинација за медиумските работници со АстраЗенека на 15 јуни во Врање

Vecer | 01.06.2021

МАН: Ревакцинација за медиумските работници со АстраЗенека на 15 јуни во Врање

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги известува сите медиумски работници кои се вакцинираа за заштита од Ковид-19 на 23 март 2021 година со вакцината АстраЗенека во ЗЈЗ Врање, дека ревакцинацијата ќе биде на ден 15 јуни 2021 година.

- Според официјалните информации од здравствените власти на Република Србија до Здружението на новинари на Србија (УНС) и до МАН, ги известуваме сите медиумски работници од Македонија кои се вакцинираа за заштита од Ковид-19 во Врање на 23 март 2021 година, дека за ревакцинацијата ќе биде на 15 јуни 2021 година, во Врање.

Сите кои имаат потреба од организиран превоз, да се пријават на емаил адресата [email protected] за да може навремено да се обезбеди организиран превоз од Скопје до Врање и назад, најдоцна до 11 јуни 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk