logo
logo
logo

Малолетници ограбиле црква, родителите на службен разговор

Vecer | 25.11.2021

Малолетници ограбиле црква, родителите на службен разговор

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од село Радуша и од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Во периодот од 11.07.2021 до 25.07.2021, со употреба на физичка сила и подесен предмет, пријавените влегле во црквата „Свети Никола“ во с.Копанце и „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во с.Туденце и одзеле пари.

Во присуство на нивните родители, инспектор по малолетничка деликвенција  при СВР Тетово и претставник од Центарот за социјални работи во Тетово со пријавените бил извршен службен разговор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk