logo
logo
logo

Д-р Пановски: Малку се 2.500 вакцинирани на ден, ТРЕБА ДА СЕ 5.000

Vecer | 15.02.2021

Д-р Пановски: Малку се 2.500 вакцинирани на ден, ТРЕБА ДА СЕ 5.000

Да се вакцинираат 2.500 луѓе дневно е малку, вели доктор Никола Пановски и додава дека со таков интензитет до септември би имале само 250 илјади вакцинирани и затоа советува дека најмалата дневна бројка на вакцинирани треба да е 500.

- Треба да сме свесни дека има луѓе над 70 години кои не сакаат да се вакцинираат. Моите пресметки се дека со 2.500 вакцини дневно, ќе оди споро и со втората доза до септември би имале вакцинирано 250 илјади луѓе, главно здравствени работници и луѓе над 65 години, зависно од одзивот, рече Пановски за Слободен печат.

Тој потенцира дека  треба да се вакцинира со поголем интензитет бидејќи 2.500 дневно се малку.

- Ако го дуплираме бројот на дневни вакцинации на 5.000, тогаш до септември ќе имаме вакцинирано 450 илјади граѓани.А ако одиме со интензитетот од 2.500 вакцинирани дневно, тогаш ќе ни треба цела година за да дојдеме до 450 илјади вакцинирани граѓани. За пет дена Израел го направил тоа што ние би го направиле за година дена, изјави Пановски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk