logo
logo
logo

Мала победа која влева надеж: Ниту еден починат од Ковид првпат по 10 месеци

Vecer | 14.06.2021

Мала победа која влева надеж: Ниту еден починат од Ковид првпат по 10 месеци

Нема ниту еден починат ковид-пациент во претходното деноноќие, првпат по 10 месеци, а регистрирани се и само осум новозаразени од 3068 тестирања и девет оздравени.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова е мала победа, која влева надеж, но, апелира да се почитуваат мерките за заштита.

„Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, изјави вчера Филипче.

Македонските граѓани тргнати од германската „црвена листа“

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk