logo
logo
logo

Максим: Како да сум најголем криминалец ме спроведуваат на наводен технички преглед, а возилото ново (ВИДЕО)

Vecer | 19.10.2021

Максим: Како да сум најголем криминалец ме спроведуваат на наводен технички преглед, а возилото ново (ВИДЕО)

Како да сум најголем криминалец во државата, а не градоначалник на најголемата општина со ротации ми ги одземаа документите и не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново со уредно полномошно за управување, согласно со сите законски нормативи и прописи, вели актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски кој преку вклучување во живо на својата официјална Фејсбук страна извести дека полицијата го спречува во тековното работење како кандидат во рамки на изборната кампања.

Тој додава дека на овој начин го онеспособуваат да работи како градоначалник и како кандидат во рамки на изборната кампања.

- Односот на полициските службеници е целосно непрофесионален, со ротациони светла и полициска придружба не насочуваат каде ќе не носат, а каде ќе не носат и самиот не знам. Еве јавно го повикувам господинот Спасовски да даде образложение за ова се случува во Куманово и кои се мотивите континуирано да бидам следен од страна на полициски службеници, дали има налог од Основно јавно обвинителство за такво постапување и зошто е ваквиот третман кон мене и кон луѓето кои работат во рамки на своите професионални ангажмани и се ангажирани со својот дел на работење во моето опкружување, рече Димириевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk