logo
logo
logo

МАКСИМ КОНТРА ЗАЕВ: И мене директор ми рече дека не ми вработува луѓе, па не го разрешив

Vecer | 28.04.2021

МАКСИМ КОНТРА ЗАЕВ: И мене директор ми рече дека не ми вработува луѓе, па не го разрешив

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски не се согласува со тоа што премиерот Зоран Заев го разреши Пауновски заради пркос.

Одлуката да Стојко Пауновски биде разрешен од местото директор на Државниот пазарен инспекторат, затоа што не сакаше да ги вработи сите 35 рамковни вработени за кои велеше дека само 12 ги исполнуваат условите, наиде на поделеност во СДСМ.

Димитриевски се приклучи кон многубројните јавни личности кои дадоа поддршка за, сега веќе разершениот на Државниот инспектора, Стојко Пауновски. Димитриевски порача дека се соочил со слична ситуација како градоначалник, па не повлекол таков потег за разрешување.

Пауновски постапи професионално и етички. Се обиде да изгради една многу важна институција во Македонија. Го разбирам Пауновски. Мене директор на Комунално ми рекол дека не ми вработува луѓе, па не сум го разрешил, рече Димитриевски во „Студио 10“ на ТВ 24.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk