logo
logo
logo

Максим изненаден од СДСМ: Се воведува ФЕНОМЕН НА МАРИОНЕТСКИ ЛИДЕРСТВА

Vecer | 27.11.2021

Максим изненаден од СДСМ: Се воведува ФЕНОМЕН НА МАРИОНЕТСКИ ЛИДЕРСТВА

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вели дека е длабоко изненаден од игнорантскиот однос и неговото континуираното неповикување на седниците на централен одбор на СДСМ.

Димитриевски очекувал вчера да биде повикан да се дискутира за неговиотт статус во партијата и за решенија за најновите состојби во партијата.

- Ваквото непочитување на статутот недостаток на демократски капацитет на дел од раководството само ги потврдува моите сомнежи на лојалистичко клиентелистичкиот пристап кој воведува нов феномен на марионетски лидерства, вели тој.

Според него членството е тоа кое во една демократска и транспарентна постапка на евидентирање и кандидирање на кандидати за иден лидер на партијата треба да го има главниот збор до конечниот избор како и до сега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk