logo
logo
logo

Максим: Денес соживот има само во парламентот, а децата на улица се поделени

Vecer | 01.04.2023

Максим: Денес соживот има само во парламентот, а децата на улица се поделени

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија изјави дека ние имаме држава благодарејќи на нашите предци, комитското и партизанското движење, но и благодарение на нашиот најголем стратешки партнер Соединетите Американски Држави кои први испратија свои сили во 1991 година да заштитат еден дел од границата.

„САД е потврден партнер и имаме потпишано стратешки договор со таа држава. Нивниот став во одреден момент кога стигна францускиот предлог преку нивниот помошник државен секретар беше дека тоа е билатерален проблем, којшто треба да го решаваат двете држави взаемно, а Македонија треба да го продолжи евроинтегративниот процес. Не признаа и под уставно име, ние прифативме да го промениме името. ЕУ е таа којашто треба да се адресира проблемот на друг начин, која има реален проблем да го интегрира регионот во ЕУ, бидејќи предлог временски период ние чекаме пред портите на ЕУ“, рече Димитриевски.

Тој информираше дека во делот на безбедноста и стабилноста Македонија ги затвори сите прашања, во делот на етничките права исто така, но Македонија треба да се занимава со трансформација од биетничко општество во мултиетничко општество и да поработи на соживотот, бидејќи во моментов соживотот го живеат само политичките репрезенти во Парламентот, тие се дружат, а децата се поделени уште во основно училиште.

„Со потпишување на францускиот предлог и прифаќање на истиот направивме долгосежни последици по државата и по сите идни влади кои ќе дојдат во состојба да го решаваат овој предлог. Зошто? Затоа што еден предлог којшто беше билатерален го трансформиравме во мултилатерален проблем“. Ова вчера го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Во емисијата, тој за првпат и ексклузивно напомена неколку можни решенија како да се надмине овој проблем.

„Македонија отсекогаш била космополитска држава, која давала еднакви права и можности на сите граѓани. Нашиот Устав ги содржи сите етнички заедници кои постојат, за пописот во Куманово добив информација дека имаме околу 300-тини Бугари и веднаш го ставив бугарското знаме во кабинетот.

Значи, не претставува никаков проблем за мене Бугарите да влезат во Уставот, но по одреден реципроцитет. Што тоа значи? Народот којшто ние го признаваме де-факто мора суштински да го признае македонскиот народ, не условено, туку без услов.

Ние имаме своја историја, контиунитет, генеза, нашите предци постоеле како Македонци и нашите внуци и правнуци ќе постојат како Македонци. Мојот предлог е дека со официјална Софија како што носеше многу декларации досега во нивното собрание треба да донесе една нова декларација која ќе биде гарант за македонскиот идентитет, континуитет, македонската историја и едноставно ќе стави крај на сите тие шпекулации и тие негативни негирачки ставови кои доаѓаат од официјална Софија.

Во политиката се е можно, но постои и план Б. Европската Унија нека донесе една таква одлука во своите највисоки тела и органи. Советот е во Парламентот. Доколку дозволуваат да се случуваат преседани тогаш истите треба и да ги менаџираат. Во овој случај Европска Унија може да ратификува еден таков документ којшто ќе го гарантира тоа што ние го бараме и потоа никој нема нас да не оспорува.

Зошто? Ако вие ги вклучите Бугарите во Уставот во моментов, а всушност тоа се македонски граѓани со бугарска етничка припадност како што се нарекуваат и јас немам ништо против нив, тие се реалност и треба да бидат таму. Што ќе ви се случи утре кога ваш граѓанин жител на Македонија ќе дојде и ќе ви покаже со прст и ќе ви каже „Гоце ти не си Македонец, ти си Бугарин, јас го велам тоа“ како човек тука од Македонија. Затоа е потребен одреден реципроцитет за да се самозаштитиме, бидејќи јас не сакам да дозволам Македонија од прост вид да се трансформира во сложена“, рече Димитриевски.

Димитриевски информираше дека има и план 3, којшто првично ќе им го соопшти на дипломатите, а потоа на јавноста.

„Најголемиот пораз на Македонија е всушност поразот на непрофесионалната дипломатија којашто ја креираа децении наназад политичките субјекти со лошото менаџирање во овој ресор. Македонија ја изгуби оваа војна уште пред да почне на полето на дипломатијата.

Успешните преговарачи не дозволуваат вакво потпишување на вакви договори бидејќи преговор е умешност, имате едно ниво лидер, второ ниво државник и третото највисоко ниво е дипломат. Зошто Јосип Броз по завршување на Втората светска војна ги остави сите дипломати од Кралство Југославија во служба на Федерална држава? Затоа што сакаше да изгради сериозна дипломатија и Југославија го имаше тоа.

Ние од сериозна дипломатија ги оставивме дипломатите да решаваат еурека и судоку, а испративме партиски луѓе низ светот да не претставуваат коишто дури не знаеа ни англиски да зборуваат“, изјави Димитриевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk