logo
logo
logo

“МАКЕДОНЦИТЕ СТАНАА ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД во сопствената држава“

Vecer | 16.02.2024

“МАКЕДОНЦИТЕ СТАНАА ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД во сопствената држава“

„Толку е поларизирана политичката сцена во Македонија да истата е обоена на црно и на сиво. Ние бело немаме видено во државата“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во гостувањето на порталот Инфомакс.

„Значи сега дефинитивно јас тврдам дека на следните избори најмалку ќе влезе уште една, дополнително две бои коишто ќе го раздвојат тоа сивило. Но она што е најбитно, македонскиот политички фактор мора да дефинира национални, македонски интереси и црвени линии. Тоа што никогаш во минатото не е постигнато во нашата држава. Ние ќе

бидеме тие којшто ќе го понудиме тој документ на сите. Доколку сакаат да разговараме за идни соработки, ќе мора да ги усогласиме тие ставови, да удриме потпис, печат сите и да се држиме до тоа, бидејќи тоа треба да го научиме од моноетничките политички партии на Албанците. Кога се работи за нацијата, кога се работи за државата, нема простор за никакви отстапки, бидјеќи Европа нема да ви побегне,таа е тука, таа функционира и работи. Но вие од ден на ден можете и ја губите Македонија. Македонија е суверена држава на сопствена територија со сопствен Устав, каков е таков е, сите мораат да го почитуваат и законите да ни бидат усогласени.

Нашата цел е членство во ЕУ, прашањето мора да се решава на релација Скопје - Софија

“Нам економијата ќе ни биде во прв план за да се одржи оваа држава и населението на овие простори. Ние мора да ја кренеме економијата, да ги искористиме сите потенцијали и природни ресурси кои ги имаме и со одржлив економски раст и развој да создадеме своја држава која ќе почива на свои вредности и дополнително да го бараме нашиот перспективен пат во Еввропската унија“ рече претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија.

Запрашан дали влезот во Европската унија е прашање од национален интерес, претседателот на ЗНАМ, Димитриевски рече - “Нашата долгорочна цел е членство во ЕУ. Во овј момент Македонија не исполнува голем број од поставените услови за влез, покрај Уставните измени.

Во државата дефинитивно има многу корупција, криминал и организиран криминал, кој што е менаџиран од највисоко ниво. Ние сите мора да се бориме против тоа”.

Во однос на проблемот со Бугарија тој рече дека дале предлог како да се надмине проблемот.

“Тој предлог предвидуваше да се изгласаат измените на Уставот, со тоа што нивната имплементација би се направила по полноправното членство на Македонија во ЕУ, за да се заштитиме од дополнителни барања од Бугарија. Прашањето ќе мора да се реши на релација Софија - Скопје. Нема кој друг да го реши.“ истакна Димитриевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk