logo
logo
logo

Македонското и албанското обвинителство во заедничка борба против корупцијата и криминалoт

Vecer | 01.06.2021

Македонското и албанското обвинителство во заедничка борба против корупцијата и криминалoт


Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, денеска оствари работна средба со својот албански колега, главниот специјален обвинител против корупција и организиран криминал, Арбен Краја.

Како што информираат од обвинителството, двајцата обвинители водени од принципите на еднаквост, меѓусебно разбирање и заемни интереси потпишале Меморандум за разбирање помеѓу обвинителствата со кои раководат.

„Со Меморандумот обвинителствата се обврзаа во рамките на своите надлежности и согласно европското законодавство и законодавствата на двете земји, да ги зајакнат меѓуинституционалните односи во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Воедно, обвинителите се договорија да соработуваат преку размена на информации и документи поврзани со нивниот делокруг на работа, советување за општи правни прашања поврзани со заемната правна помош и меѓусебни посети, со цел подобрување на знаењето и зајакнување на вештините на јавните обвинители од двете обвинителства“, се наведува во соопштението.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk