logo
logo
logo

Македонското движење за човекови права ќе им помага на политичките затвореници

Vecer | 19.06.2021

Македонското движење за човекови права ќе им помага на политичките затвореници

Минчо Ташев, долгогодишен поддржувач на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, продолжува со својата голема поддршка за иницијативите за заштита на македонските човекови права со донација од 30.000 долари за македонските политички затвореници и за нивните семејства.

Режимот на Зоран Заев апси Македонци кои се спротиставуваат на неговата брутална власт, пред, за време и по принудното преименување на земјата. Освен што апси дисиденти и ги држи во неподносливи затворски услови, тој испрати полициски специјалци да тепаат и апсат мирни демонстранти; избрка илјадници Македонци од работа (во јавниот и приватниот сектор); гаси медиуми и осудува новинари на затворски казни; им оневозможува пристап на критички граѓани и медиуми до социјалните мрежи; ја забрани употребата на името „Македонија“ и наредува прогон и закани кон македонски граѓани, притоа користејќи и физички напади, наведува ММДЧП.

ММДЧП го покрена прашањето на политичките затвореници во Македонија пред Европскиот Суд за Човекови Права и разгледува други правни лекови за нивно итно ослободување.

Ташев продолжува да ги поддржува активностите на ММДЧП за заштита на човековите права низ целата територија на распарчената Македонија и ги повикува и другите граѓани да се придружат:

„Имаме многу горди Македонци во странство кои се успешни бизнисмени, и кои донираат за разни локални каузи, но сепак не се решаваат да помогнат за македонските каузи. Тоа е неприфатливо. Јас донирам за локални прашања, но мојот фокус секогаш е да им помогнам на Македонците на кои тоа им е најпотребно. Другите народи со право се помагаат меѓу себе кога нивната етничка заедница страда. Македонците се соочени со најголемата криза во изминатите децении, која директно го загрозува нашето постоење како Македонци.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година.

Извор: ММДЧП

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk