logo
logo
logo

Македонските историчари НЕ ПОПУШТААТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, потврди Ангел Димитров

Vecer | 11.06.2021

Македонските историчари НЕ ПОПУШТААТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, потврди Ангел Димитров

Ангел Димитров координатор на бугарската страна од историската комисија помеѓу Македонија и Бугарија во однос на најновата средба се пожали дека со македонските историчари нема да се постигне договор за Гоце Делчев.

„Досега бев убеден дека, и покрај сериозните проблеми, и покрај темелните разлики што постојат меѓу нас и нашите колеги од Скопје, ние сме Мешовита комисија за историски и образовни прашања, но од денешниот 14-ти состанок, почнувам да се прашувам дали навистина е така“ рече Димитров.

Тој додаде дека македонските историчари одбиле за дискутираат за конкретна тема.

Тој рече дека е тешко да се постигне разбирање за Гоце Делчев, пренесе БГНЕС.

Димитров исто така најави дека на лето Мешовитиот комитет за историски прашања нема да има нов состанок.

„Петнаесеттиот состанок ќе се одржи во средината на октомври. Се надеваме дека летните месеци ќе дадат можност за преиспитување“, рече Ангел Димитров.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk