logo
logo
logo

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОВТОРНО ЌЕ ЛЕТААТ: Еве каде можете да патувате од Скопје низ Европа

Vecer | 02.06.2021

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОВТОРНО ЌЕ ЛЕТААТ: Еве каде можете да патувате од Скопје низ Европа

Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, Виз ер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

-Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж, вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во Виз Ер.

Поради ковид пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk