Македонскиот јазик и писмо се стари 2.200 години, потврдуваат академиците на МАНУ

Во новите полемики околу автентичноста на македонскиот ајзик, пренесуваме научно истражување и доказ на македонските академици за првите појави на македонското античко писмо и јазички обележја кои се стари 2.200 години. Резултатите од ова истражување ги објави МАНУ во 2006 година

Средниот текст на Каменот од Розета, најпрочуениот пишан артефакт од Египет, кој датира од 196 година пред Христа, дефинитивно е напишан на писмото и на јазикот на тогашните господари на Египет - Античките Македонци. Ова тврдење во МАНУ го презентираа академик Томе Бошевски и проф. д-р Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет во Скопје уште во 2006-та година, претставувајќи ги резултатите од тригодишното истражување насловено "По трагите на писмото и јазикот на Античките Македонци".

- Не е се така како што изгледа и како што другите велат. Нашето истражување и потрагата по јазикот на кој зборувале Античките Македонци го покажа тоа. Светот треба да ги види овие откритија и треба да се коригираат заблудите во светската наука", рече академик Бошевски. На Каменот од Розета напишани се текстови на три различни јазици: хиероглифски, "демотски" и античко-грчки.

- Фокусот на нашето проучување беше средниот текст. Се замисливме, најлогично би било почесното место, средното да биде напишано на еден службен јазик, а тоа е јазикот на Птоломеите, египетска династија со античко-македонско потекло. Наша храбра одлука беше да ги дешифрираме тие шкртки, рече академикот.

Тој додаде дека современата, светска, наука има прифатено дека од писмото и јазикот на Античките Македонци не е сочувана ниту една осмислена реченица. "За нас тоа е неприфатлива констатација. Текстот на Каменот пред 2200 години е напишан со три писма, на три јазика, по следниот редослед одозгора- надолу: хиероглифски на античко-египетски, слоговно на античко-македонски и буквено на античко-грчки", рече Бошевски.

Според него и колегата Тентов, средниот текст е со голема сличност со одделни зборови со сегашните македонски говори и дијалекти. - Над два века никој во светот не успеа да го дешифрира средниот текст зашто сите поаѓаат во т. н. озвучување на зборот, според јазиците во употреба на египетското подрачје. Ние тргнавме од претпоставката дека јазикот бил македонски, односно од балканскиот ареал. Основа за таков пристап е фактот што со Египет владееле македонски династии цели 302 години, појасни Бошевски. На Каменот, според преводот, во македонскиот текст Египќаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци.

Како се пишува Бучко или Бранко на старомакедонски ?! "Како се пишува Бучко или Бранко на старомакедонски јазик", праша еден од присутните на вчерашната презентација во МАНУ, поздравувајќи го истражувањето на Бошевски и Тентов, коишто отвораат светла точка во нашата историја, истражувајќи го и со факти поткрепувајќи го древното македонско потекло, во период кога од сите страни се негира македонското.

Каменот е гордост на Египет Каменот од Розета е најпознатиот пишан артефакт од Египет којшто е пронајден во 1799 година, од страна на француски војници кои правеле тврдина во Египет. Бил пронајден во малото село наречено Розета (Рашид). Има импозантни димензии и е изработен од гранит. Содржината на Каменот е всушност декрет на Птоломеј 5 Епифан. Напишан е од група свештеници во Египет, во чест на египетскиот фараон, наведена е листа на сите работи што фараонот ги направил, а биле добри за свешетениците и за народот на Египет. По многу години проучување на каменот, Жан Франсоа Шамполион прв во 1822 година ги дешифрираше хиероглифите.

Оригиналот од 1802 се наоѓа во Британскиот музеј во Лондон, а копии од овој познат камен има речиси во сите европски музеи. Во јули 2003 година Египет бараше враќање на Каменот од Розета. Д-р Заки Хавас, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети на Каиро, во една пригода изјави: "Ако Британците сакаат да бидат запомнети, ако сакаат да си ја вратат репутацијата, тие треба да искажат волја да го вратат Каменот, затоа што тоа е икона на нашиот египетски идентитет".

Поврзани

Најнови вести

Коментари