logo
logo
logo

Македонија земја со висок ризик во која САД НЕ ПРЕПОРАЧУВА ПАТУВАЊЕ (ФОТО)

Vecer | 22.04.2021

Македонија земја со висок ризик во која САД НЕ ПРЕПОРАЧУВА ПАТУВАЊЕ (ФОТО)

Македонија се најде на листата на листата на небезбедни земји за патување според Стејт Департментот, и тоа во ниво 4 како земја  од висок ризик.

Одлуката се заснова на постојните проценки на епидемиолошката состојба во тие земји од страна на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Стејт департментот соопшти дека ќе го зголеми бројот на држави од тоа највисоко предупредување од четврти степен на околу 80 проценти од државите во светот. До вторникот имало 34 земји од вкупно околу 200. Сега има околу 130.

Стејт департментот на САД додаде стотина држави на списокот на земји во кои не се препорачува патување, вклучително и Македонија, Велика Британија, Канада, Франција, Мексико и Германија, поради „многу високата стапка на ковид-19“.

Земјите што ги засега оваа одлука се Финска, Египет, Белгија, Турција, Италија, Шведска, Швајцарија и Шпанија.

Некои земји, како Кина и Јапонија, останаа на третото ниво на предупредување и за нив граѓаните се охрабруваат да се преиспитаат дали треба да патуваат таму.

Повеќето Американци веќе биле спречени да патуваат во поголем дел од Европа поради пандемијата.

Вашингтон забрани влез во земјата на скоро сите државјани на САД кои неодамна биле во повеќето европски земји, Кина, Бразил, Иран и Јужна Африка.

Забраната за патување кон Канада и Мексико вчера е продолжена за уште 30 дена, доколку тие патувања не се неопходни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk