logo
logo
logo

Македонија ВО 10 ЗЕМЈИ СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА

Vecer | 25.11.2022

Македонија ВО 10 ЗЕМЈИ СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА

Тоа што граѓаните го чувствуваат на своја кожа, сега добива потврда  и од Светска банка. Инфлацијата во Македонија е речиси 20%, но голем дел од основните производи се поскапени за повеќе од 50%, а граѓаните имаат се помала куповна моќ. Синдикалната кошничка за една година е поскапа за скоро 18.000 денари или колку што изнесува една минимална плата.

Извештај на Светска банка, насловен како Food Security, кој датира од средината на ноември годинава, покажува дека Македонија е на неславната листа на топ 10 земји во светот со највисока реална инфлација во храна, која всушност се пресметува како инфлација во храна минус вкупната инфлација, објави Фактор.

Според табелата Македонија е на 10-то место во светот на земји кои имаат највисока реална инфлација во храна.

Македонија е во друштво со Зимбабве, со стапка од 52 отсто, а потоа е Либан со стапка од 46 проценти.

Понатаму Иран, со 32 отсто, додека на четврто место е Шри Ланка со 20 проценти. Руанда е петта со 17 отсто, па следуваат Унгарија, Колумбија и Уганда со стапки од по 15 проценти на реална инфлација во храна. И деветтото и десеттото место го делат Турција и Македонија, со стапки од по 13 проценти.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk