logo
logo
logo

Македонија Вечна: ПОЛИТИКАТА ГИ ГОНИ, СТРУКАТА ГИ НАГРАДУВА И ВЕЛИЧИ. Кој ќе победи?

Vecer | 06.06.2023

Македонија Вечна: ПОЛИТИКАТА ГИ ГОНИ, СТРУКАТА ГИ НАГРАДУВА И ВЕЛИЧИ. Кој ќе победи?

Што се случува во држава која врши прогон на свои најистакнати луѓе во нивните професии е секому јасно, државата пропаѓа: врвни лекари, новинари, уметници, бизнисмени се градат со години и се пробиваат тешко и посветено во својата професија и општетвото за да стасаат во врвот и бидат таму со децении но, преку ноќ, со одлука на некој заинтерсиран и гневен политичар што политиката не му оди, а меракот за пари и преземање туѓи бизниси му е голем - тие можат со помош на хајка од партиски “невладини организации“, обвинители и медиуми преку ноќ од херои да станат прогонети и уништени. Судот само извршува додека судиите сами се откажуваат од своите права и обврски во професијата.

Што се однеува до врвните доктори, лекари, малкумина ги имаме а дел од нив планираат заминување во странство или од јавното здравство, секому достапно, да заминат во приватните клиники. Ударот врз врвните кардиолози Жан Митрев преку обвинеине и Сашко Јовев преку неочекувано разрешување од директор на јавната кардиологија ја потврдува констатацијата погоре опишана. Партија, политика, бинис интерес за преземанје туж имот... владеат во власта. Обвинителството и судиите се технички извршители на тие прогони.

Жан Митрев е на суд за употреба на метода при лечење од Ковид 19 која, како што покажуваат докумнетите, се употребувала низ цела Европа - помеѓу останатото и во македонското јавно здравство и не е “експериментален метод“ применуван од Жан Митрев во кој пациоентите биле во заблуда. Оттука натаму секое судење по овој основ е театар кој треба да ги покрие вистинските мотиви - уривање на клиниката Жан Митрев и нејзино преземање за што е можно помала цена.

Случај врвен кардиохирург Сашко Јовев, до вчера директор на јавната Кардиологија. Во денот кога е закажано предавње големо признание од струката, од лекарската асоцијација, за Сашко Јовев и Жан Митрев, Сашко Јовев е сменет од директор а на негово место министерот Фатмир Меџити ќе дојде за директор на Кардиологија - лекар од Тетово кој не е од струката.

Кардиологија така станува дувло на некомпетентни кадри на ДУИ. Пред само месец дена поранешниот директор на скопска „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани, кадар на ДУИ, стана организациски директор на Клиниката за кардиологија

Лекарската комора на Македонија на своето одбележување на 31 година од постоењето на комората додели благодарници за тимот што ја направи првата трансплантација на срце во Македонија. Посебното признание е доделено за постигнат особен придонес во развојот на трансплантацијата и органодарителството од починат донор и со тоа започнување на една нова етапа во македонското здравство.

Тимот доктори што го направи овој значаен зафат во трансплантацијата на срце е предводен од д-р Жан Митрев и проф. д-р Сашко Јовев, а заедно со д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски.

Успешната трансплантација на срце од починат донор е историски оперативен зафат кој што даде нова шанса за живот за 54 годишен пациент. Изведена е во 2021 година, во екот на пандемијата и во многу тешки услови.

Современите оперативни зафати во кардиохирургијата започнуваат од пред 20 години кога од д-р Жан Митрев беше направена и првата автотрансплантација како револуционерен оперативен зафат во медицинскиот третман на кардиолошките пациенти, а понатаму д-р Митрев продолжи и со вградување на вештачки срца што почна да се применува дури во 2020 година а е исто така е живото-спасувачки метод.

Серијата продолжува: по хајката на врвни лекари, доктори, бизнисмени, уметници, новинари, режисери... државата е препуштена на просечните и на аздисните. Резултатот е секому пред очи, кој сака да гледа тоа и ќе го види.

За да види подбро доказ е и случајот за судска завршница по пожарот во тетовската болница во кој изгореа 14 луѓе. ДУИ се заинтересирани за процесот, и пресудата е - условна. Условна пресуда за 14 загубени животи, треба да се спореди само со судењата и пресудите за предметите на СЈО и од упадот во Собрание за да се види, уште еднаш, кој обвинува, кој суди и пресудува и за чии интереси.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk