Македонија со нова Влада

Најтешка задача ќе има професорот на економски, Драган Тевдовски. Го презема најжешкиот сектор и најсилно критикуваниот ресор- министерството за финансии, кој последните неколку години беше постојано на удар на економските експерти. Секторот образование ќе го води Рената Десковска, која изминатиот период се споменуваше како фаворит за Министерството за правда, а најголемо изненадување е Горан Сугаревски во Министерството за транспорт и врски

Со 62 гласа „За", 44 „Против" и 5 „Воздржани", Собранието на Република Македонија ја изгласа новата  Влада предводена од СДСМ.

Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а воздржани беа пратениците од БЕСА.

Пред гласањето Заев истакна дека тој и неговата влада ќе работат на сплотување, а одговораше и на прашања и забелешки од дводневниот претрес за избор на влада.

Само четири жени во кабинетот на Зоран Заев, кој просечно е на возраст од 45 години. Четворица од вкупно 26 кандидати досега биле членови на влада, останатите се дебитанти.

Клучните позиции во новата влада , Заев ги довери на своите најблиски луѓе. Оливер Спасовски, Драган Тевдовски, внатрешни работи и финансии. Оливер Спасовски се враќа во МВР по двата пржински рокови отслужени како министер за внатрешни работи, но првпат ќе нема дополнителен заменик.

Надворешната политика ќе ја води Никола Димитров. Најтешка задача ќе има професорот на економски, Драган Тевдовски. Го презема најсилно критикуваниот сектор, Министерството за финансии, кој последните неколку години беше постојано на удар на економските експерти. Секторот образование ќе го води Рената Десковска, која изминатиот период се спомнуваше како фаворит за Министерството за правда, а најголемо изненадување е Горан Сугаревски да раководи со Министерството за транспорт и врски. Неговото име воопшто не беше спомнувано во јавноста, но беше меѓу најгласните пратеници во претходните пратенички состави на СДСМ.

Како што и се очекуваше во јавноста висока позиција во новата Влада, министер за информатичко општество и администрација, доби долгогодишниот советник во Град Скопје, Дамјан Манчевски, кој исто така важи за близок соработник на Заев. Со Земјоделството ќе министерува Љупчо Николовски, а во министерската фотелја во Труд и социјална политика ќе седне Мила Царовска, долгогодишен активист во невладиниот сектор и советник во кабинетот на пржинската министерка Фросина Ташевска-Ременски. Во Министесртвото за култура седнува Роберт Алаѓозоски, кој долги години работи како менаџер во културата, книжевен критичар и автор, а професионално е ангажиран и како претстедател на Комисијата за култура во СДСМ.

Заев довербата за вицепремиерското место за економски прашања му ја довери на бизнисменот Кочо Анѓушев. Министри без ресор во новата влада се Едмонд Адеми и Роберт Поповски од СДСМ, Зоран Шапуриќ од ЛДП, Зорица Апостоловска од НСДП, Аднан Ќахил, претставник на турската заедница, Самка Ибраимовски од ромската и Рамиз Мерко од ДУИ.

Во новиот владин кабинет вицепремиер за спроведување на рамковниот договор е Хазби Лика од тетовскиот органок на ДУИ, а вицепремиер за евроинтеграции е назначен портпаролот на партијата Бујар Османи. Со Министерството за животна средина ќе раководи потпретседателот на ДУИ Садула Дураку. Со Министерствотото за економија ќе управува Крешник Бектеши, а со Министерството за правда Билент Салиу. Тој досега бесе директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство. Сега се сели од лов во правда, а има положен и нотарски и правосуден испит.
Од Коалицијата Алијанса за Албанците , неврологот Арбен Таравари стана прв човек во здравството, а на НДП му припадна Министерството за локална самоуправа. Со него ќе раководи Сухејл Фазлиу.

Кој е Зоран Заев, новиот премиер

Роден е на 8 октомври 1974 година во Струмица. Оженет со Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко. Дипломирал на Економскиот факултет – Скопје во 1997 година.

Член е на СДСМ од 1996 година, и оттогаш активно учествува во сите изборни циклуси. Во два мандати е избран за член на претседателството на ОО на СДСМ Струмица. На парламентарните избори во 2006 година е назначен за шеф на Регионалниот изборен штаб за 4. изборна единица. Во 2006 година е избран за потпретседател на СДСМ, а оваа функција ја врши до 2008 година кога е избран за в.д. претседател на СДСМ. На 9. Конгрес на партијата повторно е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ. На 9. Конгрес на партијата е избран за нејзин претседател.

На 14. конгрес на СДСМ, кој се одржа на 2 јуни 2013, Зоран Заев беше избран за претседател на партијата која ја води оттогаш наваму. А реизбран е неколку пати меѓу кои последен пат пред неколку дена.

Политичката кариера ја започнува во 2003 година како пратеник во Собранието на Република Македонија. На локалните избори во 2005 година за прв пат е избран за градоначалник на Општина Струмица. На истата функција е реизбран и на локалните избори во 2009 и 2013 година.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари