logo
logo
logo

Македонија се претвори во една голема надземна септичка јама

Vecer | 10.08.2022

Македонија се претвори во една голема надземна септичка јама

Македонската власт во континуитет не гради институции, туку разградува, вели во интервјуто за Дојче веле поранешниот лидер на СКМ-ПДП, поранешен министер за финансии и ексгувернер на Народна банка на Македонија, Петар Гошев. Во продолжение неговиот став – Нашиот систем во суштина е „систем свој човек“. Го немаш ли, тешко ти се пишува. Деградираните институции – лишени од знаење и одговорност, како и планетарната корупција која се претвори во „најпрестижна дејност“, се главната причина за претворањето на Македонија во една голема надземна септичка јама, вели Гошев. Тој прогнозира, како и премиерот Димитар Ковачевски, дека нѐ чека тешка зима. – Дефицитите на јавниот сектор се огромни, структурните слабости се несовладливи дури и на среден рок, а зависноста од надворешните шокови е непремостлива, смета Гошев. Бившиот лидер на СКМ-ПДП, а потоа и на Демократската партија вели дека Македонија нема плурализам: – Немаме плурализам, туку конкуренција на олигархии. Со вадење пиштоли на маса, со разни закани за одмазда, се изнудуваат привилегии – чиниш ја живееме добата на најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото, оценува Гошев. Целото интервју во Дојче веле.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk