logo
logo
logo

Македонија нема серум против беснило, доцнат тендерите на „Здравство“

Vecer | 07.02.2023

Македонија нема серум против беснило, доцнат тендерите на „Здравство“

Повеќе од една година нема серум против беснило во државата, а од Клиниката за инфективни болести во Скопје велат дека причината се проблеми во тендерските процедури за набавка, кои се во надлежност на Министерството за здравство, објавува РСЕ. Серумот е неопходен бидејќи при секое каснување или гребнување од страна на животно, неопходна е консултација со лекар за да се провери дали станува збор за присуство на беснило. Директорката на Инфективна клиника, д-р Милена Стевановиќ вели сепак серумот против беснило не се дава по автоматизам во секој случај и дека не е неопходно да се даде за беснило по каснување од куче, било да се кучиња скитници или миленици. Дополнително, вели, во државава во изминативе повеќе од 40 години нема регистрирано беснило, но признава дека одредени количини мора да имаат на располагање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk