logo
logo
logo

Македонија НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАЕ руските референдуми во Украина

Vecer | 26.09.2022

Македонија НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАЕ руските референдуми во Украина

Македонија нема да ги признае резултатите од референдумоте во украинските области за припојување кон Русија. Тоа го потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на прашање дали Македонија ќе ги признае резултатите од референдумите во четири украински региони за приклучување кон Русија, кажа дека Македонија никогаш нема тоа да го направи. 

Тој додаде дека е важно Украина да победи во војната со Русија, која преку манипулативни референдуми сака да си обезбеди алиби за анектирање на украинска територија. 

Важно е Украина да победи во оваа војна, а Република Македонија нема да признае манипулативни референдуми. Тие се манипулативни за да имаат алиби за своеволно анектирање на туѓи територии – кажа Османи на денешниот брифинг за новинарите. 

Референдуми за приклучување кон Русија се одржуваат во регионите Донецк, Луханск, Запорожје и Херсон. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk