logo
logo
logo

Македонија на ВРВОТ во Европа со смртност од Ковид-19: Нови рангирања за починати

Vecer | 19.09.2021

Македонија на ВРВОТ во Европа со смртност од Ковид-19: Нови рангирања за починати

Според податоците на Статиста, во земјава досега се починати 3,055.98 лица на еден милион што ја сместува земјава на четвртото место по смртност во светот. Според податоците пак, на „Covid Data Check“, Македонија убедливо е со највисока смртност од коронавирус во Европа во последните 13 дена.

Македонија е на четвртото место по смртност од ковид-19 на еден милион жители, покажува новата светска статистика заклучно со 16 септември. Во тие бројки на Статиста не се внесени починатите од вчера, кога во земјава 29 лица го загубија животот како последица од компликации од коронавирусот..

Според податоците на Статиста, во земјава досега се починати 3,055.98 лица на еден милион што ја сместува земјава на четвртото место по смртност. Пред нас се Босна и Херцеговина, Унгарија и Перу, земја лидер на оваа неславна листа.

Според податоците пак, на „Covid Data Check“, Македонија убедливо е со највисока смртност од коронавирус во Европа во последните 13 дена.

Според нивните податоци, во топ 10-те земји со највисока смртност на 100 илјади жители во Европа од 4 до 17 септември прва е Македонија со 18,4 проценти на смртност.

Потоа втора е Црна Гора со 13,4 проценти, па Бугарија со 13,1, а на четврто место од регионот се наоѓа Босна и Херцеговина со 10,5 проценти.

Од нашето опкружување на шесто место се издвојува Грција, а Србија е на осмото место со стапка на смртност од 4.1 процент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk