logo
logo
logo

Македонија НА СВЕТСКИОТ ВРВ ПО СМРТНОСТ ОД КОРОНА, на 100.000 жители полоши од нас се само 2 држави

Vecer | 09.04.2021

Македонија НА СВЕТСКИОТ ВРВ ПО СМРТНОСТ ОД КОРОНА, на 100.000 жители полоши од нас се само 2 држави

Фајненшел тајмс ја потврди црната корона статистика на Македонија. Земјава се најде на самиот врв во светот по смртност за последните седум дена.

Според анализата која ја објави Фајненшел тајмс по собраните податоци од Институтот „Џон Хопкинс“, Светската здравствена огранизација (СЗО), „UK Government coronavirus dashboard“, Агенцијата за јавно здравје на Франција и шведската агенција за јавно здравје, Македонија е трета во светот по смртност со стапка од 2 смртни случаи на 100.000 жители за последните седум дена.

Пред нас во ова рангирање се Унгарија која е прва со 2,44 починати на 100.000 жители, додека на второто место е Босна и Херцеговина со 2,31 починати.

Македонија е полоша од Бразил чија стапка, додека и далеку полоша од Турција, Јордан, Естонија, Полска, Кипар, Србија, Унгарија, Бахреин, Уругвај и Куракао, како и земјите од Европската Унија.

Колку сме полоши од Европската Унија говори фактот дека стапката на смртност во земјите членки е 0,5 што покажува дека Македонија е четири пати полоша од нив.

И додека секојдневно слушаме како ситуацијата е под контрола, ова е доказ колку е ситуацијата алармантна и катастрофална.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk