logo
logo
logo

Македонија ја повлече согласноста за почесен конзулат на Русија во Битола, Москва најавува возвратна реакција

Vecer | 13.08.2022

Македонија ја повлече согласноста за почесен конзулат на Русија во Битола, Москва најавува возвратна реакција

Македонија ја повлече согласноста за почесен конзулат на Русија во Битола, Москва најавува возвратна реакција Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Македонија ја информирала за повлекувањето на согласноста за воспоставување на функцијата почесен конзул на Русија во Битола. Во соопштението нема ништо за мотивите за овој чекор – очигледно, тие не можеа да бидат формулирани поради нивното јасно отсуство, коментира заменик-директорот на Департманот за информации и печат на МНР на Русија, Иван Нечаев. За руското Министерство за надворешни работи ова политички мотивиран и непријателски гест на Република Македонија кон Русија. „Нема сомневање дека ова е повторно политички мотивиран, непријателски гест. Целта на повторниот напад против нас е да го продлабочи јазот во руско-македонските односи коj настана поради зависното однесување на Македонија, да ја покаже слепата лојалност на оваа балканска земја кон западните сојузници, нивната политика на санкции и грубиот притисок врз Русија. Изразуваме жалење за овој однос на Република Македонија, бидејќи со овој потег се жртвува поддршката и соработката која се развива преку конзуларното претставништво во Битола. Ќе следи соодвена возвратна реакција од Русија. Жално е што овојпат во Скопје поради антирускиот курс се жртвува институцијата почесни конзули кои помагаат во развивањето на меѓучовечките контакти, даваат поддршка на луѓето и на бизнисите. Според сѐ, таму не се грижат многу за сопствените интереси и провоцираат наша возвратна реакција, која секако ќе следи“, соопшти руското МНР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk