logo
logo
logo

Македонија има САМО 63 ПЕНЗИОНЕРИ СО ТОП ПЕНЗИЈА, другите се снаоѓаат

Vecer | 24.01.2022

Македонија има САМО 63 ПЕНЗИОНЕРИ СО ТОП ПЕНЗИЈА, другите се снаоѓаат

Македонија нема богати пензионери кои со пензијата можат да си дозволат живот без посебни грижи за сметките кои стасуваат, за одржување на здравјето и имотот или да заминат на годишен одмор без оптеретување со цената како што е тоа случај барем во средно развиените европски држави какао Полска, Чешка, Унгарија или Португалија.

Во декември, минатата година имало 333 пензионери со пензија над 52.630 денари. Само 63 пензионери го земале највисокиот износ од 57.992 денари (940 евра), покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско.

Или вкупно 1.340 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.548 до 57.992 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 880 се со пензија од 42.240 денари, пишува во новата анализа на порталот Пари.

Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 328.570 лица додека просечната пензија во декември изнесувала 15.876 денари.

Најнизок износ на пензија земале 80.809 пензионери, од кои 65.535 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 15.274 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.986 денари до 12.801 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Само во месец декември имало нови 1.839 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.288 а остатокот жени и најголем дел, 1.186 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.656 починати пензионери, од кои 1297 биле мажи.

Податоците покажуваат дека од 328.570 пензионери најмногу 327.535 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 961 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 74 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk