Македонија има највисок степен на корупција во регионот, а корупција е основен проблем зошто не ве примаат во ЕУ. Тоа го кажа и американската амбасадорка. Уште пред да биде именувана, односно пред да дојде во Скопје, нејзината главна цел е да се влијае на намалување на корупција, на што имаат право, затоа што тие имаат право како наши најголеми промотери. Ако се борам за тебе по странски институции имам право да барам да исполниш услови да имам образ и аргумент да ги штитам твоите интереси, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.

Тој посочи дека денеска беше објавена вест дека на судењето во Белград за најмонструозната криминална група на Веља Беливук излегува сведок и кажува како се купувани пасоши од Македонија.

–  Се работи за тие над 200 пасоши кои ги издаде МВР, а за кои одговараа службеници, за издавање на фалсификување исправа, дека се плаќани 30.000 евра. 200 пасоши се 6 милиони евра. Дека како посредник се јавува извезен Роко, за кого нема име кој ги земал парите и за возврат добивале нарко дилерите пасоши. Се работело за цел систем, а не за инцидентен случај, рече Латас.

Латас нагласи дека во Америка да  државен службеник од висок ранг кој работи во нивното МВР или Германија го фатиле со 6 милиони корупција, кајшто издавал државен документ со меѓународно значење како пасош, тука целиот систем паѓа и доаѓаат нови луѓе.

– Македонија има проблем со корупција и непотизам и тука не можеме да зборуваме за Европска Унија. Сите земји кои пропаднаа досега имале висок степен на корупција. Ние со Тиранската платформа и Шарена револуција ја изгубивме државата. Сега што се случува на тие кои ја спроведуваат Тиранската платформа, а тоа е ДУИ и тие кои правеа Шарена револуција за преземање на власт без победа на избори им е се дозволено, истакна тој.

Латас додаде дека сега гледаме како американска амбасадорка вели дека нејзината активност ќе биде во борба против корупција.

– Како ќе се бориш со власт ако остане истата која е прва по корупција во регионот. Прво треба да се смени власт па после да зборуваме за борба против корупција, изјави Латас.