logo
logo
logo

Цуцуловски

Македонија доби една голема клоца, А ГО ЗАГУБИВМЕ И ИМЕТО

Vecer | 23.06.2021

Македонија доби една голема клоца, А ГО ЗАГУБИВМЕ И ИМЕТО

Македонија доби една голема клоца и пак е таму кај што беше, само без име или е и полошо. Мене ми е важно градење на земјата, потоа следи дали ќе влеземе во ЕУ. Важно е да ги има вредностите. Договорот не оддалечи од Европа, и го загубивме името, изјави професорот Љубомир Цуцуловски, за Што не е јасно на Алфа.

Според него Македонија е во бездна, ситуацијата е се полоша и според сите информации кои ги знае секој граѓанин говорат дека ова што се случува во земјава само се продлабочува.

- Се знаат работите, но се прикрива. Потоа има неверојатна фрустрираност кај бугарските интелектуалци, значи не говорам за бугарскиот народ. Кај голем дел од бугарските политичари, историчаи и интелектуалци воопшто постои исфрустрираност меѓу претставата и она што се реално. Ова е еден од одговорите на ситуацијата со Бугарија, вели Цуцуловски.

Професорот се осврна и на три години по Договорот со Грција.

Според него она што го говорат од Владата „Македонија испорача е лош термин“.

- Тоа е поштарски термин кога нешто се дава, спакувано и тоа не е добро ниту да се зборува кога станува збор за политика, рече Цуцуловски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk