„Македонија-Блокира“ со блокада на патот Охрид-Струга: Сплотени се бориме против уставните промени

„Македонија-Блокира“ вчера учествуваше на сенароден македонски протест во Прилеп со Здружението „Прилепски бранители“, а денес, недела е на блокада на патниот правец Охрид – Струга кај Мислешево во периодот од 13:00 до 16:00 часот, информираат од ова движење.

Со овие активности „Македонија – Блокира“ ги стартува најавуваните протести и блокади надвор од Скопје и во други градови низ Македонија.

„Македонија- Блокира го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско. Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ“, се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека ова битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа, според нив, се избори без Зоран Заев како премиер.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари