logo
logo
logo

Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на неговата сопруга

Vecer | 12.08.2024

Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на неговата сопруга

61-годишник од местото Врачев Гај кај Бела Црква во Србија е приведен вчера поради сомнение дека го убил Македонецoт Б.П. кој бил во љубовна врска со неговата поранешна сопруга.

Убиството се случило во четвртокот вечерта во близина на куќата на осомничениот Г.С. каде ги затекнал неговата поранешна сопруга и нејзиниот партнер.

До несреќата дошло откако Македонецот со неговата партнерка биле во посета на нејзина пријателка која живеела во соседството на поранешниот сопруг.

Г.С. во еден момент го удрил Б.П. по што Македонецот паднал со глава на земја и набргу потоа починал.

Очевидец на несреќата во изјава за српските медиуми вели дека Г.С. бил разведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Б.П.

На Г.С. му е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Панчево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk