logo
logo
logo

Македонецот Филип: Можам да предавам на најмалку 4 универзитети, зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса

Vecer | 22.09.2021

Македонецот Филип: Можам да предавам на најмалку 4 универзитети, зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса

Филип Петковски е Македонец кој иако дипломирал на престижен универзитет и има квалификации и богата биографија, таа и понатаму останува непрочитана. Зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса, се прашува тој во својот статус на фејсбук.

Во објавата тој објаснува дека досега има аплицирано со многу проекти поврзани со УНЕСКО, бидејќи има соработувано со нив и точно знае како функционираат нештата, но неговата кратка биографија во нашата земја се уште нема добиено шанса да го покаже своето знаење.

-Денес се јавив да го откажам станот во кој живеам… Затоа што сум невработен, а притоа решив да останам да живеам во земјава, бидејќи на пет минути читав статуси како премиерот Zoran Zaev и неговата СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија сакаат да ги вратат младите во Македонија.

Еве нѐ, вратени сме! Зошто сум невработен? Имам докторирано на еден од најпрестижните универзитети во светот и имам работено во неколку интернационални организации вклучувајќи го и УНЕСКО.

Министерката Irena Stefoska инистира на заштита на културно наследство, а јас сум единствениот човек во државава што има докторирано на таа тема и што вистински знае како функционира УНЕСКО.

Во Министерство за култура / Ministria e Kulturës, покрај тоа што ми ги одбија проектите поврзани со културно наследство, ми немаат вратено на ниту еден мејл, а причината (за која неформално дознав) е језива за споделување на фејсбук бидејќи ептен ќе го наруши имиџот на институцијата и на партијата.

Мејлови имам пратено и во Министерство за образование и наука и до министерката Мила Царовска, но немам одговор. Со образование се бавам веќе 4 години и работев како асистент на УКЛА, а тука можам да предавам на најмалку 4 универзитети. Зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса?

Не е дека молам некого да ме бутне да работам во јавна администрација без никакви квалификации. Вистински сакам да останам во земјава и да направам некаква промена, бидејќи можам и знам. Каде грешам, како правилно да постапам?, пишува тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk