logo
logo
logo

Македонец од Пустец кандидат за пратеник од третата најголема партија во Албанија

Vecer | 17.04.2021

Македонец од Пустец кандидат за пратеник од третата најголема партија во Албанија

На 25 април во соседна Албанија се одржуваат парламентарни избори на кои граѓаните ќе избираат помеѓу сегашниот премиер Еди Рама и лидерот на тамошната опозиција Љулзим Баша од Демократската партија кој потпиша предизборен договор со третата најголема партија Социјалистичко Движење за Интеграција предводена од сопругата на сегашниот претседател на државата Илир Мета.

На овие избори, место за во албанскиот парламент ќе брка и Панди Јани, македонец од Пустец кој е кандидат на листата на третата најголема партија во Албанија предводена Моника Круемади.

No description available.

Иако е рангиран како 12-ти на листата, на овие избори Панди Јани има реални шанси да стане член на албанскиот законодавен дом, бидејќи со измените во изборниот законик во Албанија на овие избори може да се гласа и за партијата, но и за името на кандидатот кој тие сметаат дека достојно ќе ги застапва во парламентот.

Она што дава надеж дека македонецот Панди Јани може да биде дел од албанскиот парламент, е и последната анкета на еден албански онлајн медиум кој истовремено е еден од најпосетените.

Имено на анкетата стои дека Панди Jани досега има убедлива предност наспроти останатите кандидати од партијата на Круемади во Округот Корча, каде и ја води трката за пратеник.

Она што дополнително дава надеж е дека Македонецот Панди Јани има убедлива предност во Корча и наспроти носителот на листата Еднрит Браимлари кој исто времено е и генерален секретар на третата најголема партија во Албанија.

Имено, иако на истата листа Браимлари е носител а Јани е 12 на листата, според анкетата на порталот Albeu.com, во округот Корча за македонецот Панди Јани би гласале 21%, додека за носителот на листата Браимлари би гласале 14.4%.

No description available.

Историјата покажува дека Социјалистичкото Движење за Интеграција, во Округот Корча освојувало најмногу три пратеници, па така иако до претходните парламентарни избори за оној кој бил 12ти на листа беше невозоможно да влезе парламентот, на изборите на 25 април е поинаку. Овие парламентарни избори во Албанија освен бројот за нивната омилена партија, гласачите ќе можат гласат и посебно за еден од кандидатите на листата на истата партија.

Па така според општите анализи ако Панди Јани во Округот Корча освои над 10 илјади гласа, тоа би значело дека тој без разлика што е 12ти на листата, може да стане пратеник во албанското Собрание, а според досегашните анкети тој има реални шанси да го постигне овој успех.

Инаку Панди Јани има 28 години. Основно и Средно училиште заврши во Пустец каде што е роден и израснат, додека пак дипломираше на Факулетот за Туризам и Менаџмент во Скопје на смер Човечки Ресурси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk