logo
logo
logo

Македонците втората доза ќе ја примат во Врање, не мора да одат до Ниш

Vecer | 12.05.2021

Македонците втората доза ќе ја примат во Врање, не мора да одат до Ниш

Македонците и другите странци кои биле вакцинирани во Ниш, најверојатно ќе бидат ревакцинирани во Врање, но за тоа сè уште не е конечно одлучено,  изјавил денес Директорот на здравствениот центар во Ниш, Милорад Јеркан.

Околу 15.000 македонски државјани се вакцинирани во Србија, изјави неодамна српскиот министер за здравство Златибор Лончар по средбата со министерот Венко Филипче во Белград. За нивната ревакцинација Лончар кажа дека ќе се направи договор со македонското Министерство за здравство и можно е тие да ја добијат втората доза во земјава.

Македонските граѓани во Србија во најголем број се вакцинирани во „АстраЗенека“ која во Македонија не се дава на лица под 60 години. На новинарско прашање каде овие лица ќе се ревакцинираат со оглед на одлуката на македонските здравствени власти, Лончар кажа дека можноста тоа да се направи во Србија е најмалку што можат да направат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk