logo
logo
logo

Македонците ПОЗАЈМИЛЕ ОД БАНКИ 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - каде ги потрошиле?

Vecer | 22.07.2021

Македонците ПОЗАЈМИЛЕ ОД БАНКИ 3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА - каде ги потрошиле?

Граѓаните и фирмите во јуни годинава кон банките должат дури шест милијарди евра, што на годишно ниво е раст од пет проценти. Задолжувањето расте од месец во месец, а само физичките лица должат поовеќе од половина од оваа сума или до крајот на првото полугодие годинава граѓаните имаат долг кон банките за кредити во вкупна вредност од 3,15 милијарди евра.

На месечно ниво кредитите на домаќинствата, се зголемени за 1,3 проценти во споредба со претходниот месец, а годишниот раст е дури 8,7 проценти.

Народната банка објави дека најголем раст пак, ако се гледа намената во јуни имаат потрошувачките и станбените кредити. Имаат значаен раст на месечно ниво ама на годишно најмногу растат становите за стан кои се зголемиле за една година за дури 14,7 проценти, пишува Фактор. Граѓаните им должат на банките за потрошувачки кредити на крајот на јуни 1,7 милијарди евра, додека долгот по основ на кредитни картички е 107 милиони евра.

Забележителен е пад на задолженоста на картички, од месец во месец на годишно ниво пак, од дури 9 проценти.

Во јуни, автомобилските кредити, се намалени на годишно ниво за дури 17,1 процент. Кај негативните салда на тековните сметки, во јуни, е остварен месечен пад од 0,4 процент, а на годишно ниво растат за 3,4 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk