logo
logo
logo

Македонците чекаат ред за вакцина - огромни гужви на Белградскиот саем (ФОТО)

Vecer | 27.03.2021

Македонците чекаат ред за вакцина - огромни гужви на Белградскиот саем (ФОТО)

Огромни гужви на Белградскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација на населението, пренесуваат српските медиуми.

Но она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.

Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Северна Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци, објави Би-би-си на српски јазик.

Утрово гужва беше регистрирана и на граничниот премин Табановце, за излез од Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk