La résolution de ce conflit est un héritage positif et sérieux pour la Macédoine

Франција со внимание ги следи политичките процеси во регионот и во Македонија.

Македонија и Грција преземаат историска улога со посветеноста во решавањето на прашањето за името.

Решавањето на овој спор е позитивно и сериозно наследство за Македонија, рече францускиот претседател Емануел Макрон на вечерашната средба со премиерот Зоран Заев во Софија.

Макрон изрази честитки за реформите што ги презема Македонија. Воедно истакна дека Франција ќе ја поддржи нашата земја во позитивната динамика на спроведувањето на промените и во забрзување на прогресот.

Премиерот Заев информира дека Македонија продолжува со интензивните и сериозни реформи во правосудството, јавната администрација и медиумите и дека сите реформски проекти се спроведуваат во дијалог со опозицијата.

Заев и Макрон се согласија дека е неопходно Западен Балкан да ги зајакнува врските со ЕУ за да се одржи европската перспектива на регионот. Заев и Макрон утре ќе учествуваат во официјалната програма на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари