logo
logo
logo

ЛОПОВИ ОДНЕЛЕ 20 до 30 метри бакарни цевки од штипската модуларна болница

Vecer | 29.11.2022

ЛОПОВИ ОДНЕЛЕ 20 до 30 метри бакарни цевки од штипската модуларна болница

Украдени се бакарни цевки во должина од 20 до 30 метри во модуларната болница, во кругот на Клиничка болница-Штип. Кражбата се случила пред неколку денови за што потврдува и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска. Кражбата во Полициската станица-Штип е пријавена на 25 ноември, кога вработен во болницата забележал дека вратата на модуларната болница е отворена, по што е констатирано дека крадци оперирале во неа и успеале да украдат бакарни цевки во должина од 20 до 30 метри.

Портпарлот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека според пријавата кражбата се случила меѓу 22.30 и 23.00 часот на 24 ноември. Увид извршиле полициски службеници и се работи на расчистување на кражбата.

По овој успешен обид на кражба на бакарни цевки, во март годинава имаше обид за кражба на бакарна цевка од боца за кислород во гас централата, што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Тогаш крадецот се уплашил од шуштењето на воздухот, со што штетата не беше направено. Штипската модуларна болница е затворена и во неа не се хоспитализираат пациенти. Оваа зграда е одалечена од останатите згради на болницата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk