logo
logo
logo

ЛОПОВИ ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Ги начекале комшиите, па тепал кој стигне

Vecer | 15.04.2021

ЛОПОВИ ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Ги начекале комшиите, па тепал кој стигне

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истрага како и предлог за определување мерка притвор против две лица од Битола и Прилеп за кривично дело – Разбојничка кражба.

Како што стои во соопштението, истрагата е поведена заради основано сомнение дека двајцата соизвршители, заедно со уште едно непознато лице кое според првичните информации од истрагата чувало стража, на 14 април, биле затечени при кражба во стан на улицата „Климент Охридски“.

Ги затекнале двајца соседи кои се обиделе да ги спречат во намерата и да ја известат полицијата, но, осомничените употребилe сила, се нафрлиле врз соседите, ги собориле на скалите при што на едниот сосед му нанеле тешка телесна повреда.

Едниот осомничениот потоа употребил и нож, замавнувајќи кон станарите, по што се дал во бегство и сè уште не е достапен на органите на прогонот. Другиот осомничен е лишен од слобода.

Разбојничка кражба за која се осомничени сторителите е казнива по член 238 став 4 во врска став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk