ЗАВРШИ ИНСПЕКЦИЈАТА ВО ГОВРЛЕВО

ЛОКАЛИТЕТОТ И ЦРКВАТА ПРИВРЕМЕНО ДА БИДАТ ЗАШТИТЕНИ

За црквата Св. Трифун е утврдено дека се работи за едно од последните дела на зографот Димитар Андонов Папрадишки.

Инспекцијата од Управата за заштита на културното наследство, по извршените истражувања препорача, локалитетот Говрлево и манастирскиот комплекс Св. Трифун, да добијат статус на привремена заштита. Од извршениот увид инспекцијата утврдила дека во случајот Говрлево станува збор за недвижно културно наследство. -Во црквата Св. Трифун е утврдено дека се работи за едно од последните дела на зографот Димитар Андонов Папрадишки. Значи од аспект на уметничка вредност овој објект заслужува внимание, изјави Јулија Тричкова од Управата за заштита на спомениците. Сега се е во рацете на Конзерваторскиот центар од Скопје. По препорака на Управата тие треба да извршат целосно вреднување на локалитетот и црквите и да ги стават под заштита. Тричкова вели дека откако локалитетот Говрлево и црквите ќе добијат статус на привремена заштита во следниве една до две години кој и да било сопственик ќе мора да ги стопира сите активности. Во овој период ќе се изврши комплетно истражување. -Најитно што треба да се направи е конзерваторскиот центар да изврши увид и врз основа на тоа се надеваме дека ќе добиеме показатели за да можеме да реагираме, но пред тоа мора стручните служби да ни дадат информации, вели Тричковска. Од досегашните ископувања на Цементарницата, кои се оддалечени од црквите само околу 200 метри се воочени сериозни нарушувања на црквите и манастирот. (М.Н.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари