Министерот за правда Кренар Лога најавил оставка откако и денеска на Влада не му бил прифатен законот за амнестија со кој се растеретуваат затворите, велат за ТВ 24 извори од Влада.

Според истите извори Лога ја напуштил седницата со која раководел вицепремиерот Артан Груби веднаш. Од Влада велат дека дебата за законот имало, но бил вратен на доработка.

На денешната седница била отворена дебата, законот не бил усвоен и бил пратен повторно на доработка.

Сепак нема договор во коалицијата.

Додека Лога не седне со Ковачевски да се договорат и усогласат и политички и коалициски законот нема да помине, во изјава за ТВ 24 висок партски функционер на СДСМ.

Освен раководството на СДСМ, на законот се противат и дел од пратениците на СДСМ. Според нив освен моментот по измените на КЗ со кои најголем дел од делата за функционерите паѓаат во вода, спорна е и селекцијата на луѓе, бидејќи велат не знаат кој се ќе биде амнестиран особено предизборно.