logo
logo
logo

Љутков: Целта на власта е ДА СЕ УНИШТАТ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Vecer | 11.03.2021

Љутков: Целта на власта е ДА СЕ УНИШТАТ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Зоран Љутков, актер и претседател на Комисија за кутлура на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека власта има за цел да ги уништи националните институции со поставување на директори кои се спортисти и немаат врска со култура.

Тој за „Што не е јасно“ на Алфа истакна дека ова се прави со намера, а тоа е целта на законот дека националните институции треба да се фрлат на локална самоуправа а која не е подготвена да ги прифати, а со овие постапки треба да се покаже тоа.

- Самата министерка  која го заговара новиот Закон за јавниот интерес во културата, во интервју призна дека не се способни да го спроведат законот ни да направат децентрализација, потенцира Љутков.

Тој истакна дека по назначувањето на директорите на културни институции, а се од спортот, но и со законот се легализираат само скандалите на власта.

– Многу малку луѓе од националните институции се вклучени во креирањето на законот. и се гледа дека е правен од себични причини. Еднаш треба да се стави крај на партизацијата и гмечењето на културата. Уметниците треба да го стават гласот и треба да стават вето на несоодветното поставување на несоодветни директори на институциите, рече Љутков.

Љутков посочи дека многу е јасно што се работи, а тоа е се што е национално да го нема и да се направи штета на националната култура.

– Велат дека се е национално, ама законот кој го туркаат се губи националното и нема ништо македонско. Овој закон  е недозволиво да помине, ќе направи голема штета на националните интереси и голема штета на уметници, нагласи Љутков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk