logo
logo
logo

Борјан Ѓузелов

Љупчо Николовски се фали дека работи со Антикорупциска, ПОТОА АЖУРИРА ЧЛЕНСТВО ВО СДСМ

Vecer | 02.04.2021

Љупчо Николовски се фали дека работи со Антикорупциска, ПОТОА АЖУРИРА ЧЛЕНСТВО ВО СДСМ

Има голема контрадикторност,  од една страна постои на хартија и во реторика борба против корупција, правда, економија, назначија вицепремиер за антикорупција Љупчо Николовски се уште е генерален секретар, прв извршен орган во својата партија, вели Борјан Ѓузелов е доктор по политички науки на Queen Marry University of London, за Трилинг на 24 Телевизија.

Ѓузелов прашува како ќе се бори Николовски против корупција и департизација ако е главен егзекутивец во својата партија и наутро има статус на Фејсбук дека работел нешто со Комисијата за спречување на корупција, а попладне ажурира членство во партијата.

- Дека гледаат повеќе во туѓиот двор, а не гледаат во својот тоа е повеќе од очигледно. Тоа отвора голем простор за загриженост затоа што веќе се доволно долго на позиција на моќ да и таа контрадикторност на тоа што го велат и тоа што го прават, ме загрижува дека во наредните година две може да отиде во форма на поклопување на партијата и државата. Постоење на недопирливи за кои не важат правилата, потенцира Ѓузелов.

Тој истакна дека лично има се помалку доверба дека овој политички естаблишмент има политички капацитет со чест на исклучоци, да обезбеди правда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk