Љубчо сакал да ја реши Северна уште во 2002 година (ВИДЕО)

- Гледам Влатко Ѓорчев ќе се кандидира за Претседател, тоа го гледам според кампањата во Македонија, гледам дека таква кампања се води. Добро е новиот претседател да гледа пошироко, се потсети дека имало пошироки констелации на односи, изјави вечерва за 24 анализа екс премиерот и лидер на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски, зборувајќи за последната фаза од уставните измени кои треба да се изгласаат во Собранието.

Потсетувајќи дека Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски беа во политиката и пред 20 години, Георгиевски посочи:

- Добро е новиот претседател да гледа пошироко, се потсети дека имало пошироки констелации на односи. Добро е да се сети дека имаше и едно такво ВМРО во Македонија, каде што државните интереси беа пред партиските интереси. И тој беше активен во политиката уште пред 20 години кога јас реков дека е време да се реши прашањето за името. И тогаш јас дадов едно добро образложение на ЦК, после таа криза што ни се случи со УЧК во 2001 година, и целата таа меѓународна заедница – паѓаме од власт. Кога паѓаме, дајте барем да го затвориме овој проблем со името со Грција. Тогаш СДСМ беа кратководи, наместо да речат: "ајде бе терајте", како што сега треба ВМРО да направи, и наша да биде вината, тие тогаш нарипаа: "не не може, вака така..."е сега дојде време тие да го решаваат. Меѓутоа, тоа е проблем кој мора да се реши еднаш и еве сега времето дојде.

Георгиевски вели дека за кандидатурата на Ѓорчев нема информација, туку заклучокот му е од теренската кампања која се води низ државата.

- Да, тој направи еден добар чекор во Парламетот кога беа настаните, се издвои од сите други пратеници, тоа е чекор за пофалба. Не го промовирам, но сакам да кажам дека новиот претседател исто ќе има обврска, вели екс премиерот Георгиевски.

Запрашан дали тој самиот ќе се кандидира, Георгиевски одговори:

- Срѓан Керим имаше една легендарна изјава во последната претседателска трка: "Ако ме поддржат СДСМ и ВМРО ќе се кандидирам". Мене ако ме поддржат СДСМ, ВМРО и ДУИ, најверојатно ќе размислам. Мене вака ми е најдобра позиција да искрикитукам, јас имам свои бизниси во Македонија, рече Георгиевски.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари