logo
logo
logo

ЛИХВАРКА од Кочани „спечали“ кривична зашто за позајмица од 50 евра зела скоро 1000!

Vecer | 13.05.2022

ЛИХВАРКА од Кочани „спечали“ кривична зашто за позајмица од 50 евра зела скоро 1000!

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава  против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство“ предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а  за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг. С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември  2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од  33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на пријавената ѝ вратила 53.700 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk