logo
logo
logo

Граѓаните не мора повеќе да одат во Врање - ЛИДЛ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 17.02.2021

Граѓаните не мора повеќе да одат во Врање - ЛИДЛ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Македонските граѓани повеќе нема да мора да одат на пазарење во Лидл во Врање.  Германскиот трговски синџир доаѓа во Македонија.

Лидл ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала.

Една од најголемите компании во малопродажбата во светот во петокот ја регистрираше подружницата Лидл Cеверна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар, пишува Фактор.

Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Минатата година се пишуваше за интересот на „Лидл“ да стартува со една продавница во Македонија, односно со објект кој сам ќе го гради, но истата информација остана непотврдена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk