logo
logo
logo

Лидер: Овој е бодигардот на Заев кој брутално тепаше човек во Струмица заедно со уште десет лица!

Vecer | 18.03.2021

Лидер: Овој е бодигардот на Заев кој брутално тепаше човек во Струмица заедно со уште десет лица!

Aлександар Трајков, викан Сашко Сали, телохранителот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев е едно од десетината лица кои денеска во Струмица брутално претепаа маж со тупаници, клоци и со палка – сведочат граѓани за Радио Лидер.

Првиот човек во обезбедувањето на лидерот на СДСМ, јавноста за прв пат го запозна за време на немирите на 27 април во Собранието кога лично го штитеше Зоран Заев.

Важи за човек кој често влегува во конфликти. Во 2016-тата Трајков претепа десетина лица во сискотеката Платиниум во Стримица. Тој без повод и причина пред дискотеката со тупаница удрил едно лице, а потоа влегол во дискотеката и претепал се пред себе. По неговиот поход, три лица завршија во болница со тешки повреди.

За случајот МВР му поднесе прекршочна пријава на Aлександар Трајков, откако претходно и покрај најмалку две пријави за насилство врз сограѓани без повод и причина беше недостапен за полицијата, а случајот не беше наведен во редовниот билтен на МВР испратен до медиумите.

Тогаш од СДСМ соопштија дека телохранителот на Заев бил приватно излезен во Струмица, додека  претседателот Заев присуствувал на партиски активности во Охрид. Од партијата тогаш соопштија дека Трајков до расчистување на случајот бил отстранет од придружбата на Заев.

Истиот тој, бодигардот на Заев се спомнува како еден од десетте насилници кои денеска во Струмица, за кои се тврди дека се обезбедувачи на Заев, претепаа еден човек на улица, а за тоа излезе и видео.

Во градот, почнаа да се шират шпекулации дека истепаниот им подлегнал на повредите по што редакцијата на Радио Лидер се обиде да добие подетални информации од МВР.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски спушташе телефонски повици повици на Радио Лидер  по што од таму ја побара портпаролката на СВР Струмица Хризантема Рендевска.

Рендевска за Лидер го потврди настанот, додавајќи дека на терен биле испратени екипи но и брза помош и јавен обвинител. На прашањето дали претепаниот е жив, портпаролката одговори:

-Не, знам. Ќе имаме повеќе детали утре, рече Рендевска.

Извор: Лидер.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk