logo
logo
logo

Лице на кое му е украден идентитетот во „Мафија“ открива: Правдата ќе ја истерам до крај!

Vecer | 07.04.2021

Лице на кое му е украден идентитетот во „Мафија“ открива: Правдата ќе ја истерам до крај!

Порталот Курир.мк стапи во контакт со едно од лицата на кои им е злоупотребен идентитетот во аферата „Мафија“. Вели дека правдата ќе ја бара и ќе ја истера до крај, бидејќи неговите лични податоци се злоупотребени од страна на државата, односно од страна на Министерството за внатрешни работи.

-Мојот идентитет е злоупотребен од страна на државата и на државните органи, во случајот од страна на МВР, згора на тоа без мое знаење му е доделен на криминалец. Правдата ќе ја барам пред надлежните судови во Македонија, а ќе барам и оштета, бидејки станува збор за мои лични податоци злоупотребени од страна на државата, вели во изјава за Курир.мк едно од лицата на кои им е украден идентитетот и доделен на познат криминалец.

Живеам во европска земја и можно е да ти направат проблем поради злоупотребата на идентитетот од страна на државата, а оштетата што ќе ја барам ќе биде многу голема, правдата ќе ја истерам до крај, ако треба и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, додава за Курир, човекот на кого му е злоупотребен идентитетот.

Идентитетот на лицето и е познат на редакцијата на на порталот, но не го откриваат на јавноста за да не сноси било какви последици.

За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ го објави скандалот за мафијашите чии идентитети во земјава им ги позајмило МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk