ЛИ2017/ Наумоски: Нема да дозволиме недомаќини повторно да владеат со Ѓорче

Мора, рече Наумоски, да работиме за нашите млади, за нашите деца, за нашите ученици, за нашите пензионери да имаат добар и здрав живот

Нема да дозволиме луѓе недомаќини повторно да завладеат со нашето Ѓорче. Го направија запуштена општина. Немаме спорт, нема каде да се дружат младите, немаме кино, театар, немаме култура, изјави денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Наумоски.

Мора, рече Наумоски, да работиме за нашите млади, за нашите деца, за нашите ученици, за нашите пензионери да имаат добар и здрав живот.

- Имаме програма, имаме план, нашето Ѓорче да не биде повеќе слепо црево на градот Скопје. Заедно со мојот тим ќе го модернизираме Ѓорче. Тоа ќе биде нашето најубаво место за живеење, рече в и побара поддршка од граѓаните.

Поврзани

Најнови вести

Коментари