ЛИ2017/ Левица во Велес ќе се залага за отпишување на долговите за вода

Носителот на листата за советници на Левица во Велес, Димитар Апасиев, најави дека ќе се залагаат за еднократно отпишување на долговите на граѓаните кои се однесуваат на прерано тужените сметки за вода, особено кај посиромашните слоеви од населението

Носителот на листата за советници на Левица во Велес, Димитар Апасиев, најави дека ќе се залагаат за еднократно отпишување на долговите на граѓаните кои се однесуваат на прерано тужените сметки за вода, особено кај посиромашните слоеви од населението.

Меѓу мерките од Програмата на Левица е и забраната да се тужат граѓаните пред да им се соберат шест последователно неплатени сметки за вода, намалување на хонорарите и паушалите на членовите на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, транспарентен процес на вработување во јавната администрација во општината. Левица се залага тоа да оди исклучиво преку јавен оглас, а на конкурсите да се бираат исклучиво најдобрите кандидати.

Апасиев ги посочи и „зелени политики" на Левица. Меѓу нив се реновирање на планинарскиот дом „Бреза", стимулирање на урбаниот велосипедизам - преку субвенции за купување нов велосипед и изградба на вело-паркинзи пред јавните институции, субвенционирање на плински уреди кај автомобилите и друго.

Поврзани

Најнови вести

Коментари