logo
logo
logo

Левица: Тестирањето во приватните клиники да биде бесплатно во време на пандемијата

Vecer | 14.01.2022

Левица: Тестирањето во приватните клиники да биде бесплатно во време на пандемијата

Претходниот владин состав покажа исклучителна неумешност во справувањето со здравствената (ковид) кризавелат од Левица, од каде сметаат дека очајната борба за партиципирање во власта е сведена на безидејни партиско – кадровски решенија, кои немаат капацитет да направат било каква промена. Веќе подолго време е евидентно дека лошото управување со здравствената криза го собира својот арач. Негативните последици од ковид пандемијата веќе се чувствуваат во секоја општествена пора. Обичниот човек постојано осиромашува, додека приватните здравствени установи водени од домашната бизнис – елита, непрекинато профитираат. Од новиот владин состав решение или стратегиска визија нема ниту во најава, велат од партијата. За Левица фрапантен е фактот дека од почетокот на пандемијата спроведени се 1.665.043 тестирања, од кои 2/3 или 1.205.902 Ковид тестови граѓаните ги платиле на приватно. Еден од начините преку кои државата ги принудува граѓаните да плаќаат тестови во приватните лаборатории е тоа што матичните лекари не можат да закажат термини за тест во државна лабораторија, а кога ќе најдат слободен термин, тогаш тоа е најчесто во друг град кој е далеку од местото на живеење на пациентот. Дури и кога матичниот ќе успее да закаже тестирање, истото може да се чека по неколку дена, што ако се земе во предвид ургентноста и спецификата на проблемот, ова за пациентот може да биде фатално. Заради ова, по примерот на бројни земји, Левица бара државата целосно да го преземе под своја надлежност процесот на тестирање од приватните клиники (барем во време на пандемијата). Инсистираме спроведувањето на тестовите да биде обезбедено од буџетски средства, кое ќе овозможи достапно и бесплатно тестирање за сите граѓани, со што ќе помогне за остварување на уставно загарантираното неприкосновено право на живот и право на здравствена заштита на граѓаните, бараат од Левица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk