logo
logo
logo

ЛЕВИЦА СОРАБОТУВА СО ДУИ И СДСМ, најмногу во Карпош и Скопје

Vecer | 01.04.2023

ЛЕВИЦА СОРАБОТУВА СО ДУИ И СДСМ, најмногу во Карпош и Скопје

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Штип прашан како ја коментира разврската во ДУИ и како тоа ќе се одрази на владината коалиција, потенцираше дека оваа Влада е коалиција на интереси, тендери и бизниси и ништо друго. Тој додаде дека не би сакал да навлегува во внатрешните работи на ниту една политичка партија иако сите политички партии се обидуваат ова единство во ВМРО-ДПМНЕ да го нарушат.

Мицкоски порача дека не само што нема да успеат, туку и жестоко ќе бидат поразени.

„Ама ќе бидат поразени и внатре кај нив самите, а ќе бидат поразени и од ВМРО-ДПМНЕ и од народот на следните парламентарни избори“, вели Мицкоски.

Прашан за неговите обвинувања дека има коалиција меѓу ДУИ, СДСМ, Левица и на што се поткрепуваат, Мицкоски со одговор дека има политички партии, кои со евтин популизам преку статуси на социјалните медиуми се обидуваат да го привлечат вниманието на луѓето, кои, како што вели, со право се разочарани од политиката. Таквата коалиција, вели Мицкоски, е сѐ поочигледна во локалната власта каде што советниците на овие партии во општинските совети гласаат разно разни одлуки, како таа носењето на ДУП-от во Карпош со кој се овозможува бетонизација и изградба на десетици високо катници.

„Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден можевте да бидете сведоци на една непринципиелна коалиција, а тоа е коалицијата на политичката партија Левица, политичката партија ГРОМ и СДСМ каде што, да речеме, во општина Карпош заеднички си изгласаа Детален урбанистички план каде што ќе се градат десетици згради без да има услови за тоа да се направи, каде што не се предвидени градинки, училишта и така натаму. Тие кои што до вчера пишуваа статуси против урбанизацијата, сега заедно со принцовите на бетонот во Скопје ќе градат десетици урбани станбени блокови“, истакна Мицкоски.

Таквата коалиција, додаде Мицкоски, може да се види и во Советот на Град Скопје каде што пред неколку дена советниците на СДСМ, ДУИ и Левица ги изгласаа програмите за работа на претпријатијата и институциите под надлежност на градот за заеднички да прават бизниси.

„Пред неколку дена, коалицијата Левица-СДСМ и ДУИ во Советот на Град Скопје ги изгласа заеднички програмите на работа на претпријатијата и институциите кои што се под ингеренции на Град Скопје, нормално, за да можат заеднички да прават бизнис. Ете така функционира, за жал, таа политичка партија која во јавноста се обидува да се претстави како опозициска. Но, таа е опозициска на ВМРО-ДПМНЕ, а таму каде што во советите треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ заедно со многу инсинуации, со многу опструкции работи против волјата на народот, односно против ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Воведувањето на данокот за солидарност, според Мицкоски, треба да биде причина за бизнис секторот конечно да го крене својот глас. Тој истакна дека голем е бројот на бизнисмени кои во изминатиот период се жалат на притисок и лоша економска клима од страна на ДУИ и СДСМ. Со новиот закон со кој се наложува компаниите кои за време на кризата лани оствариле голем профит, ќе треба да платат данок за екстра добивка за 2022 година, се очекува во државниот буџет се слеат дополнителни 80 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk